Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека не се откажува од идејата за заеднички ден за сеќавање на сите жртви на војните на територијата на поранешна Југославија.
– Никогаш нема да се откажеме од идејата за заеднички ден за сеќавање на сите жртви на војните на територијата на поранешна Југославија. Горд сум на таа иницијатива и верувам дека кога тогаш, дури и за две до три години, регионот ќе се помири – изјави Вучиќ.
Тој за денешното издание на „Курир“ истакна дека не е помалку вредна која било српска жртва од бошњачката или хрватската, ниту пак другите жртви се помалку вредни од српските.
– Мојата намера не беше да кажам некому кои празници ќе ги слави, секој има право на свои празници. Некои од тие празници не се по наша волја, но никогаш не сме им се мешале. Само замолив во 365 дена да имаме еден заеднички ден, сите тие жртви на просторот на поранешна Југославија да имаа еден заеднички ден – истакна Вучиќ.
Тој додаде дека е целосно уверен оти неговата иницијатива ќе jа здогледа светлината на денот и ќе добие дозвола во регионот и дека потребно е само да се смират страстите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст