| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно, уапсен: внукот на Башар ал Асад убил офицер затоа што го престигнал

асад

Сириските власти го уапсиле внукот на претседателот Башар ал Асад обвинет за убиство на висок офицер во военото воздухопловство. Случајот предизвикал големо незадоволство кај граѓаните, по што властите го уапсиле Сулејман Хилал ал Асад. Тој е обвинет дека со огнено оружје го убил полковникот Хасан ал Шеик откако овој се осмелил да го престигне на улица во Латакија минатиот четврток. Латакја е еден од главните центри на режимот на Асад и на алавитската заедница.

Убиството предизвикало силна напнатост во Латакија каде што повеќе од 1.000 луѓе демонстрирале и барале правда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top