Балканските политичари, сепак, се лидери во нешто, а тоа е нивната височина.
Американскиот портал, Foxy LadyNews во истражувањето, во кое се опфатени 22 политичари во светот, поврзано со нивната височина, наведува дека меѓу највисоките петмина дури четворица се од Балканот.
Прв на листата со кошаркашки два метра и два синтиметра е албанскиот премиер Еди Рама. Веднаш зад него е неговиот српски колега Алекдандар Вучиќ, кој е висок метар и 99 сантиметри. На трето место е косовскиот вице премиер и шеф на дипломатијата Хашим Тачи, со метар и 88 сантимери додека зад него е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој е саниметар понизок од Тачи. На петтото место е американскиот претседател Барак Обама, кој е висок метар и 85 сантиметри.
-Ние сме убава и високостасна раса, изјави Рама во врска со ова истражување, додавајќи во негов шеговит стил “кој е највисок гледа подалеку од другите“.
Ова е втора листа по онаа што ја направи Hottest Heads of State за најубавите политичари во светот. На оваа листа Рама е 22-то место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни
-
Рама: Мојата средба со лидерите на албанските партии нема врска со изборите
-
Уште еден круг-Еди Рама повторно истрча во патики!(видео)