Брегалница му ја честиташе успешната европска мисија на Работнички, но и ги изненади романтичарите со победа од 1-0 во последниот меч од првото коло во македонското првенство.
Во самиот финиш на мечот во петтата минута од судиското продолжение домаќините погодија за радост на своите навивачи. Митрев беше стрелец за триумфален старт на Брегалница во новиот шампионат.
Брегалница играше со фудбалер помалку повеќе од половина час, но најде победнички рецепт за последниот македонски претставник на евросцената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.