Две лица се убиени, а едно е тешко рането во напад во продавница на „Икеа“ во шведскиот град Вастерос, јавуваат локалните медиуми.
Маж и жена се избодени со нож, пренесува „Раша тудеј“. Настанот се случил околу 12 часот на пладне.
Еден маж е упасен под сомневање дека усмртил двајца, а третото лице го ранил.
– Екипи на Брза помош и на полицијата се наоѓаат на местото на нападот – им изјавила претставничка на „Икеа“ на новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.