| четврток, 6 декември 2018 |

Астронаутите за првпат ќе јадат марула одгледана во вселената

lettuce1
Како дел од експериментот за самодоволност на Меѓународната вселенска станица во иднина, астронаутите денеска ќе пробаат марула израсната на 0 гравитација.

Орбитирачка лабораторија ги води експериментите за одгледување зеленчук во вселената од мај 2014 година, кога биле посадени првите семиња. Растенијата се наводнуваат, растат и зреат во период од 33 дена на станицата и се испраќаат на Земјата за да се увиди дали се безбедни за јадење.

Истражувачите од НАСА се надеваат дека ќе утврдат дали таквиот зеленчук има влијание врз физичкото и врз психичкото здравје на астронаутите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top