| четврток, 6 декември 2018 |

Бензините од полноќ поевтинуваат за 3,5 денари

benzinska
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,5 денари за литар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69,00 ден/лит. Новата цена на Евродизелот ќе биде 51 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 39,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,404 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена и сега ќе изнесува 23,287 ден/кг.

Намалувањето се должи на пониската цена на нафтата на светските берзи во изминатиот 14-дневен период и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top