Грчката крајбрежна стража во последните три дена спаси над 1.400 имигранти во околу 60 спасувачки операции во близина на неколку грчки острови во источниот дел на Егејското Море, соопштија локалните власти.
Од петокот досега 1.417 имигранти се спасени во близина на бреговите на грчките острови Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси и Кос.
Десетици илјади лица, од кои голем број се бегалци од конфликтите во Сирија и Авганистан, патуваат од турскиот брег до блиските грчки острови со мали гумени чамци. Поголем дел од нив подоцна заминуваат кон континенталниот дел на Грција и се обидуваат да стигнат до богатите земји на ЕУ, минувајќи пеш преку балканските држави и со фериботи се упатуваат кон Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.