| четврток, 6 декември 2018 |

150 мигранти се истоварија на грчка плажа полна со туристи (ФOTO)

Migrants-arrive-dinghy-in-Kos-Greece (1)

Повеќе од 150 имигранти во шест чамци денеска пристигнале на брегот на грчкиот остров Кос.Меѓу мигрантите 40 биле од Сирија.

Очевидци изјавија дека во близина на плажите каде имало мноу тиристи, мажите скокале од чамците и им помагале на жените и децата да се симнат. Тие ги поздравувале туристите, а неколкумина од нив плачеле од среќа.

Afghan-migrants-arrive-on-the-Greek-island-of-Kos

Во првите седум месеци од годинава во Грција преку море пристигнале 124 илјади имигранти, што е за 750 отсто повеќе од истиот периот минатата година, соопшти агенцијата за беглаци на Обединетите нации.

Migrants-arrive-dinghy-in-Kos-Greece

Само во јули, во Грција пристигнале 50 илјади имиганти, од кои 70 проценти биле од Сирија.

Refugees arrive on the island of Kos

Повеќето од мигрантите пристигнуваат на островите Лесбос, Хиос, Кос, Самос и Лерос, сопшти УНХЦР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top