| четврток, 6 декември 2018 |

Цветанка Јованова со изложба во Котор

Македонската реномирана ликовна уметница Цветанка Јованова (1979) ќе има изложба во просториите на Градската галерија Котор која ќе биде отворена на 13 август годинава.

unnamed (1)

Цветанка Јованова

 

Јованова според својата основна жанровска определба и ликовна едукација, првенствено е графичарка. Сепак, нејзините нови ликовни дела од циклусот насловен „Оганот од внатре“, непогрешливо сведочат, дека оваа визуелна уметница не го фокусира својот творечки модел исклучиво на разиграниот запис на линиите и воопшто доминацијата на цртежот.

unnamed

Сликите на Јованова се воглавно ноктурна: „украдени“ ноќни призори и сведоштва за полу-заборавените и под-заборавените староградски, или, старински куќи, сокриени во зафрлените улички и непознатите, тајни пасажи на градскиот лавиринт. Или, призори на живописни полиња и лозја, осамено распослани и ранливо изложени пред љубопитниот трагач по тајни аналогии, како и крајбрежни слики на манастири, на чии неба се одвива вечната борба на доброто и злото, на неспокојстовто и мирот.

Потезите на четката се видливо раздвижени, на места, драматични според својот ритам и густина на наносот, а сѐ присутниот маринско-син колорит го збогатуваат мистично – виолетови нијанси, контрастно поставени до интензивно жолтите и огнено црвените јазици на вжарено обоеното поднебје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top