| четврток, 6 декември 2018 |

Што кажува за вашата врска положбата во која спиете?

Најновите истражувања покажуваат дека положбата во која спиете со вашиот партнер открива колку е силна вашата врска. Секако, едно говори положбата во која вашите тела се припиени едно до друго и положбата во која двајцата се приближувате кон краевите на креветот.

Студија спроведена на примерок од преку 100.000 парови открива дека мажите и жените кои во текот на спиењето имаат и најмал физички контакт имаат многу поблизок и посилен однос со партнерот за разлика од оние кои сакаат свој простор во креветот.

  • Положба лице кон лице без допири – фактор на блискост 55%
  • Положба во иста насока без допири – фактор на блискост 76%
  • Положба грб со грб без допири – фактор на блискост 74%
  • Положба во иста насока со допири – фактор на блискост 91%
  • Положба грб со грб со допири – фактор на блискост 91%
  • Положба лице кон лице со допири – најинтимна поза со фактор на блискост 100%

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top