
Вчера околу 15 часот, на локалниот пат Сиричино-Туденце, на излезот од селото Сиричино, патничко возило „oпел астра“ со тетовски регистaрски таблички, управувано од 19-годишниот тетовец С.Т, загубило контрола и излетало од коловоз.
Од излетувањето, возачот и три сопатнички во возилото на возраст од 18 и од 19 години, исто така, од Тетово, задобиле телесни повреди и по укажаната лекарска помош се задржани во тетовската клиничка болница за натамошна опсервација.
Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата и сè друго.
Првично, причина е неприспособена брзина, односно пребрзо возење, додека вкупната материјална штета се проценува на 50.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


