| четврток, 6 декември 2018 |

Сите пензии повисоки за 630 денари?!

penzioneri
Најверојатно зголемувањето на пензиите од 1 септември ќе биде линеарно, а и најдобро е да се добие линеарно зголемување, односно по 630 денари за секој пензионер, што значи дека најмногу ќе добијат оние кои имаат помали пензии. Во моментов има околу 23 илјади корисници на пензија во висина од 8 илјади денари и истите ќе добијат зголемување од 8 отсто.

Пензионерите кои земаат по 9.500 денари, а тоа се 82 илјади пензионери тоа е голема бројка, ќе добијат зголемување од 7 отсто. Оние кои имаат просечна пензија од 12.470 денари ќе добијат зголемување во висина од 5 отсто, додека пак оние што земаат околу 20.000 денари пензија ќе имаат зголемување од околу 3 отсто, а најмало зголемување ќе имаат оние со пензија над 35 илјади денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top