Двајца непознати напаѓачи рано утрово отвориле оган пред зградата на американскиот конзулат во Истанбул, а потоа избегале во непознат правец, откако полицијата возвратила на огнот, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.
Во нападот на конзулатот во дистриктот Сариер учествувале маж и жена, пренесува агенцијата Ројтерс.
Турската агенција Доган наведува дека никој не е повреден во нападот кој следувал неколку часа по бомбашкиот напад на полициската станица во Истанбул.
Агенцијата АП наведува дека за бомбашките напади за сега никој не презел одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.