Пет полицајци и двајца цивили се ранети во бомбашки напад на полициска станица во Истанбул, јави „Анадолија“.
Цел на нападот со автомобил-бомба била полициска станица во истанбулскиот реон Султанбејли.
Од ескплозијата е предизвикан пожар и урнат е дел од трикатна зграда на полицијата. Оштетени се околни згради и дваесетина паркирани возила.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот извршен во момент на тензии меѓу турските сили за безбедност и бунтовниците од ПКК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.