Секој земјоделец да има свој советник. Тоа е нашата цел и ако сакаме да имаме добар квалитет, поголем придонес како држава, тоа мора да го направиме, изјави Коњановски по денешното годишно Собрание на федерацијата на фармери на Република Македонија.
Коњановски рече дека идејата е да се вклучат што е можно поголем број советници кои ќе бидат задолжени да даваат советодавни услуги за добри земјоделски пракси на земјоделците. Советодавните услуги покрај Агенцијата ќе може да ги даваат и други лица. Ќе се изготвува закон за давање советодавни услуги, а планот на ресорното Министерство тоа да биде ефективно веќе од следната година.
– Во Македонија има повеќе од 700 агрономи и земјоделски инженери кои завршиле на македонските универзитети, а некои и во странсто, а кои се кадар кој мора да го вклучиме во давањето советодавни услуги кон земјоделците. Во тој правец размилсуваме покрај државната агенција да вклучиме и голем број луѓе кои дополнително би ги обучиле во нашите универзитети за да бидат подготвени во секој момент да дааваат вистински правилни информации на нашите земјоделци, појасни Коњановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст