Сите сакаме да имаме убава боја на кожата, па и затоа понекогаш остануваме подолго на сонце и не внимаваме на нашите лосиони за сончање. Но, последиците од тоа се појавуваа за некој час подоцна- гориме и не фаќа треска. Ви нудиме совети како да се спасите и да си помогните во тие моменти…
Во ваква ситуација е најдобро да се свртиме кон природата и природните лековити состојки. За почеток, маслиновото масло е одличен избор. Високиот процент на незаситени масти и А и Е витамини во маслото ја регенерираат кожата.
Сокот од лубеницата е богат со антиоксиданси, бета каротен и витмани Ц и Б6 што ги ублажуваат изгорениците, додека краставицата може да се исече на кругови и да се стави на кожата. Витамините А, Б и Ц ќе го намалат воспалението, додека водата ќе ја освежи исушената кожа.
Маслото од кантарион, исто како и гелот од алое вера се многу делотворни за оштетената кожа од сонце. Исто така, помагаат и облогите од чај од камилица, кои даваат чувство на свежина на изгорената кожа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



