| четврток, 6 декември 2018 |

Шкендија надмоќна, турновци и кратовци разиграни

vardar-skendija-18
Шкендија очекувано го совлада новиот прволигаш Младост Царев Двор, со резултат 3-1. Голема надмоќ покажа тимот предводен од Шпетим Дуро, иако гостите први поведоа на стадионот „Чаир“ во Скопје, каде Шкендија овојпат играше како домаќин.

Тоа не ги исфрли од ритам „црвено-црните“, кои во бројни наврати излегуваа сами очи в очи со противничкиот голман, па беше очигледно дека ќе успеат да го свртат резултатот во своја полза. Хасани со еврогол од слободен удар израмни на 1-1, а пресвртот беше комплетиран во второто полувреме, кога Ибраими и Вручина го најдоа патот до мрежата на гостите.

Хоризонт Турново ја демолира Ренова со 4-0, а Сашко Пандев имаше свое шоу, постигнувајќи два погодоци на овој меч. Рамо до рамо со него беше и Имери, кој со своите два погодоци покажа дека ќе биде големо засилување за „турновци“ сезонава.

Силекс стартуваше со триумф на гости, победувајќи го Металург на стадионот „Борис Трајковски“ со 1-3. Кратовци неочекувано лесно поведоа со 0-3 на овој натпревар, а Металург успеа само да го ублажи поразот со прекрасниот погодок од слободен удар на Митревски.

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА (1.КОЛО)

ШКЕНДИЈА – МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР 3-1

ХОРИЗОНТ ТУРНОВО – РЕНОВА 4-0

МЕТАЛУРГ – СИЛЕКС 1-3

ВЕЧЕРВА: ВАРДАР – ШКУПИ

УТРЕ: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ

(ЕКИПА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top