
Следната недела, во ноќта меѓу среда и четврток, жителите на Земјата ќе бидат сведоци на метеорскиот дожд Персеид, традиционален феномен, кој според астрономите, годинава ќе биде посебно спектакуларен.
Во моментот кога овој „небесен огномет“, што ќе биде видлив ширум светот, ќе го достигне својот зенит, на небото ќе можат да се видат и до сто метеори во еден час.
Среќна околност годинава е тоа што Месечината во тој период ќе биде во најтемната фаза, па со својот отсјај нема да пречи во следењето на метероскиот дожд.
– Тоа ќе биде вистински спектакл. Ќе можеме да видиме многу повеќе метеори од вообичаеното, изјави астрономот Морган Холис од британското Кралско астрономско здружение.
Метеорскиот дожд, што вообичаено секоја година се појавува на небото меѓу 23 јули и 20 август, потекнува од опашката на кометата Свифт-Татл, која прави круг околу Сончевиот систем, оставајќи зад себе облак од метеориди.
Додека Земјата кружи околу Сонцето овие метеороиди продираат во земјината атмосфера со брзина од околу 60 километри во секунда, при што согоруваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


