
Рексан Џонс е уште еден пример за храбра девојка која и покрај тешкото детство успеала да продолжи понатаму. Оваа 23 годишна девојка пеколот од детството го оставила зад себе, а денес живее обичен живот и е подготвена да им помогне на другите. Познатиот магазин MarieClaire ја пренесува нејзината животна приказна.
Постојат многу малку луѓе кои ја знаат целата приказна за моето детство. Пријателите знаат многу малку, а тоа е дека сум посвоена, дека моите родители се починати. Никој не ги знае деталите.
Јас сум производ на инцест. Мојот дедо со години сексуално ја злоставувал мојата мајка, неговата ќерка а како производ на ваквиот монструозен чин таа останала бремена. Јас сум резултат отна таа бременост. Тој е мој дедо и мој татко, а неговите седум деца се мои тетки и вујковци, а воедно и мои браќа и сестри.
Со години мојата мајка преживувала сексуално злоставување. Таа молчела за теророт и тоа поради лудиот договор кој го направила со нејзиниот татко: таа ќе молчи, а тој нема да ги допира другите ќерки.
Решила да избега од дома која имала 18 години (тогаш сум била родена). Впрочем, тогаш сфатила дека тој никогаш нема да го одржи своето ветување.
Откако избегала од дома, таа решила да го пријави во полиција. За да се избегнат прашања а воедно и срамот моето семејство се изолирало од сите. Дента кога мајка ми отишла да го пријави дедо ми во полициската станица, полицијата ги пронашла двајцата нејзини браќа кои побегнале од дома. Па така полициските службеници ги поврзале фактите и сфатиле за што точно се работи.
Полицијата цели шест месеци го испитувале моето потекло. Целото семејство тврдело дека мојата мајка забременила од некој работник, но за среќа, полицијата не се откажувала. На крајот, таа признала дека јас сум дете на мојот дедо. ДНК анализата која тогаш ја направиле за да се потврдат зборовите на мајка ми ја запечатило судбината на мојот дедо. Тој е осуден на 20 годишна затворска казна поради сексуално злоупотребување и инцест.
За жал, тоа што мојот татко е зад решетки не значеше дека јас сум безбедна.
По неговота апсење, мајка ми ја стигна сиот пекол кој го преживеала. Болката беше преголема, па таа почна да се дрогира и да го продолжи циклусот на злоупотребување. Тогаш имаше момче, а јас бев дел од нивните сексуални игри. Ме фотографираа и снимаа и ме продаваа како детска порнографија. Мојата мајка се обеси кога јас имав пет години. Утрото на 7 август 1996 година.
По нејзината смрт ме пратија да живеам со баба ми, која беше нем сведок на злоставувањето на нејзниот сопруг, мојот дедо. За жал, и мојата баба не беше психички стабилна личност. Таа постојано ме тепаше и психички ме злоставуваше. Кога ќе направев нешто што ќе ја навредеше, таа ми велеше дека јас сум „дете на Сатаната”.
Мојот бес беше огромен и спас побарав во дрогата и апчињата за смирување. Останав бремена кога имав 16 години.
Моето дете го промени мојот живот. Кога дознав дека сум бремена престанав да пијам и да пушам. Бев фокусирана и сакав моето дете да има подобар живот и подобро детство.
Кога се породив, мојот син и јас им бевме предадени на социјалната служба. Нè испратија во згрижувачко семејство, а социјалниот работник кој ни беше доделен беше истата жена која им помогна на мојата мајка и нејзините браќа. Таа одлучи да ме посвои кога имав 17 години.
Тогаш застанав на нозе. Дипломирав, се омажив за средношколска љубов – таткото на моето дете. Добивме уште еден син, а мојот сопруг им се приклучи на маринците.
Сепак, траумите од детството оставија последици. И покрај тоа што имав нормален живот јас постојано се борев со анксиозност и депресија. Се обидов и да се самоубијам, по што бев хоспитализирана.
Во менталната болница почнав отворено да зборувам за своите проблеми и да пишувам дневник. Пишував цело време, во мојата соба, во кафетеријата за време на оброците… Сè уште ги читам тие записи кога имам тежок ден, да се потсетам колку лоши работи имам преживеано.
Денес сум разведена. Имам поддршка од неколку блиски пријатели. Можеби се прашувате какво е моето здравје, со оглед на тоа што дедо ми ми е татко.
Имам голем ризик за сите болести кои постојат во семејството на мојот татко, затоа што имам премногу од неговата ДНК. Се борев против рак на грлото од матката два пати и затоа што моите зглобови не се развиле исправно, веќе имам артритис. Еден лекар ми рече: „Ти си 23-годишна девојка во тело на 53-годишна жена”.
Моите синови се мојата мотивација за да продолжам понатаму. Тие ме научија како да се радувам. Сега, тие имаат шест и четири години. Тие ме мотивираат да станам од кревет, да одам на работа, да продолжам понатаму и да се смеам. Циклусот на злоставување престана. а моите деца се мојот поттик за подобро утре. .
Поголем дел од животот ги поминав лута, бесна и огорчена. Но, сега тоа е зад мене. Основав група на поддршка за луѓето кои имале сличен живот на мојот. Минатото е минато. Пред мене е мојата иднина – мојата кариера, мојата надеж за љубов, моите прекрасни синови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


