| четврток, 6 декември 2018 |

Секс со бившата?!

сексТеренот му е познат Тој веќе не мора да се труди околу вас, ниту пак да се отповарува со тоа дали ќе му се налутите. Истото важи и за девојките, со таа разлика што, доколку не сте го преболеле, подобро би било да немате никаков контакт.

Достапна сте му Не е лесно да се најде нов партнер и токму затоа мажите лесно им се враќаат на поранешните девојки. Притоа, не размислуваат дека со тоа може да ги повредат.

Сака блискост Сексот е и начин за зближување на луѓето, па се случува по сексот за една вечер двојката да ја обнови врската. Сепак, интимата не би требало да биде услов, освен доколку не сте ја прекинале врската токму поради овој проблем.

Сака повторно да ве освои Со сексот следат и чувства, кои не можат да се игнорираат. Дури и самото гушкање придонесува да бидете нежни, дури и кон личноста што не ја сакате.

Сака да бидете пријатели за секс Доколку не сте подготвени за опуштена сексуална врска, тогаш не враќајте му се на поранешното момче. Во тој случај, девојката не е во состојба да најде нова љубов, поради размислувањето дека сепак има дечко.

Му недостасувате Иако е слатко кога поранешното момче ќе ви призне дека му недостасувате, сепак процесот на преболување го опфаќа овој факт и, доколку повторно се гледате со него, потешко ќе ја надминете кризата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top