Владините проекти придонесуваат за континуиран развој на туризмот во Македонија изјави македонскиот премиер Никола Груевски. Според него, во првите пет месеци од 2015-та зголемен е бројот на туристи од 8,3 отсто, а на странските за 17 проценти.
– Значајно е што компанијата ТАВ која ги концесионира двата македонски аеродрома неодамна објави податок дека во јули имале зголемување на бројот на патници за 28 проценти споредбено со истиот месец лани. Во првите седум месеци оваа година споредено со истиот период минатата имаат зголемување на бројот на патници за 17 отсто. Сите овие инвестиции што ги правиме даваат резултати. Туристите и од странство се повеќе доаѓаат во Македонија, подвлече претседателот на Владата.
Од 2007 до 2014, додаде, удвоен е број на туристи во Македонија, а со зголемувањето годинава, пораст е повеќе од 100 отсто.
– Ќе продолжиме со нашите напори и она што сме го ветиле. Имаме инвестиции во сите туристички места како во плажи така и во патеки покрај езерата, спортски игралишта и се што е потребно нашите туристички места да станат се поатрактивни за домашните, но и за странските туристи, потенцира премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии