Продавници и кафулиња во Струга, каде што газди се Албанци, издаваат фискални сметки на кои производите се напишани на албански јазик, пишува А1он.
Порталот објави и фотографија од фискална сметка издадена од локална слаткарница на која, наместо на македонски јазик, производите кои се продаваат се напишани со албански имиња на кирилично писмо. На фотографијата се гледа дека на сметката пишува „акулоре“, што на албански јазик значи сладолед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.