| четврток, 6 декември 2018 |

Осветен новоизградениот манастир Св. Петка во село Бродец, Гостиварско

мана
На голем црковно-народен собир во планинското село Бродец со света литургија со која чиноначалствуваше Тетовско-­гостиварскиот архиереј, г. Јосиф, беше осветен новоизградениот манастир посветен на Св. Петка.Изградбата на ова светилиште на Ничпурска Планина (спојот на Шар Планина и Кораб), започна пред три години. Со донации на луѓето кои потенуваат од овој крај и компании, изработен е фрескоживопис, уреден е дворот и изграден е параклис.

– Приодот до манастирот ни беше проблем, но изградивме и пат, така денес собравме над илјада верници од цела Македонија за да го одбележиме овој голем ден за сите жители на Бродец и на околините села- рече претседателот на црковниот одбор Славко Гиновски.

Во непосредна близина на манастариот има извори кои верниците ги нарекуваат живоносна вода на Пресвета Богородица и според преданијата се смета дека имаат лековоти дејство.

Новозиградениот манастир се наоѓа на седум километри од мостот кај селото Трница и на нецели три километри од центарот на селото Бродец.

По оветувањето за гостите и верниците беше организана веселба со заедничка трпеза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top