| четврток, 6 декември 2018 |

Во Србија криза за пиво

Економската криза резултираше со намалување на потрошувачката на пиво во Србија за дури 33 отсто во однос на 2008 година, објави Б92.

Според податоците на пивопроизводителите, во 2008 година во Србија биле испиени шест милиони хектолитри пиво, додека лани потрошувачката била сведена на околу четири милиони хектолитри.
pivo
Директорот на „Апатинската пивара“, Дарган Радивојевиќ, вели дека намалувањето на потрошувачката на пиво во Србија е последица на вкупниот пад на куповната моќ на српските граѓани, кои „немаат доволно пари да ги задоволат своите потреби“.

Според него, освен економската криза и падот на животниот стандард, на намалувањето на потрошувачката на пиво влијае и фактот што младите, кои се глави конзументи на пивото, се иселуваат од Србија и земјата се соочува со проблем со старосната структура на населението.

– Покрај ова, тука е големата стапка на невработеност меѓу малдите, што е дополнителен проблем не само за пивската индустрија, туку и за останатите стопански гранки и за целата земја, додава Радивојевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top