| четврток, 6 декември 2018 |

Србија ја потона Хрватска со 11-4 во финалето на СП

Репрезентацијата на Србија е нов светски првак во ватерполо, а репрезентативците на оваа земја на убедлив начин и со победа од 11-4 го потонаа големиот ривал Хрватска.

Клуч на успехот беше цврстата одбрана на српските ватерполисти и одличната игра во парните четвртини. Во првиот период беше израмнето, 2-2, а потоа Србите направија предност од 5-2, резултат со кој почна „втрото полувреме“.

И во третиот период беше 2-2, со што светските прваци ја задржаа предноста од 3 погодоци, а во финишот и ги декласираа ривалите од Хрватска повторно без примен гол цела четвртина, која ја добија со 4-0 за конечна победа од 11-4 и ново злато од светските првенства.

Бронзата ја освои Грција со победа од 11-9 по изведување на четверци против Италија.

srbija

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top