Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва упати телеграма со сочувство до бугарскиот колега, претседателот на Република Бугарија Росен Плевнелиев по повод смртта на неговиот син Филип.
– Со длабоко жалење ја примив веста за прераната смрт на Вашиот син, Филип. Дозволете ми, во овие исклучително тешки моменти за Вас и Вашето семејство, да Ви упатам изрази на длабоко и искрено сочувство. Загубата и празнината се ненадоместливи и нема зборови кои ќе Ви дадат утеха. Нека Господ Ви даде сила да ги пребродите овие најтешки моменти за родителите и семејството, стои во телеграмата од претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево



