Слаткарница во хрватскиот град Пула продава сладолед од канабис. Овој необичен деликатес се продава со уште околу 20 други вкусови, а сопственичката вели дека сладоледот го обожаваат и домашните и странските туристи.
Овој десерт, освен 70 отсто брашно од канабис, содржи уште и млеко, шеќер, павлака, шлаг и други состојки, а во слаткарницата го прават еднаш дневно бидејќи, велат, дека се продава „како луд“.
– Најпрво им е необично кога ќе го прочитаат натписот од што е направен и кога ќе го видат знакот, но откако ќе им објаснам дека во него нема ТХЦ и дека е направен од 70 отсто брашно од канабис, веднаш се согласуваат да го пробаат. Многу брзо се враќаат и по нова доза. Ништо необично не гледам во тоа, а само сум забележала дека гостите малку повеќе се насмеани по консумирањето на овој сладолед – рекла низ шега сопственичката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



