Слатко и вкусно, а воедно го забрзува метаболизамот и помага во слабеењето. Што повеќе може да посакате? Ако сакате да изгубите и до 3 килограми неделно, дури и кога спиете, диетата со мед е вистински избор за вас.
Заборавете на штетниот рафиниран шеќер и заменете го со природен мед. Основна намера на оваа диета е вашиот организам да престане да име потреба за благо.
Со неколку совети ќе постигнете ефикасност во согорување на мастите и ќе внесете здрави навики во животот.
Што смеете да јадете:
Правило број 1: Заменете го шеќерот со мед
Постојат многу докази кои покажуваат дека виновникот за наталожување на масти не е само мрсната храна, туку и шеќерот. Исфрлете ги сите шеќери од употреба и користете мед како алтернатива. Денот треба да ви започне со чаша млака вода и лажица мед. Во својот појадок може да додадете интегрални печиво со мед. Не заборавајте- пред да одите на спиење, повторете ја постапката.
Правило број 2: Одберете нерафинирани јаглехидрати
Интегрален леб, тестенини, интегрален ориз се богати со влакна. Ако сакате подолго да имате чувство на ситост, внесете и повеќе протеини и зеленчук во чинијата.
Правило број 3: Внесувајте протеини
Јадете риба подготвена на скара, пилешко без кожа, телешко месо, јајца… Овие намирници ќе ве одржат сити и ќе намалат потребата за шеќер во организамот.
Правило број 4: Салата, зеленчук, овошје
Не постои правило, кај оваа диета, која ви ја ограничува количината на салата кој може да ја изедете. Јадете барем 2 овошки дневно. Исто така пијте јогурт, свежо сирење и млеко.
Забрането:
– Брза храна, грицки, колачи, газирани пијалоци, пржена храна, преработена храна.
– Изберете еден ден во неделата и не внесувајте јаглехидрати воопшто.
– Во оваа диета заборавете на компирот во било кој облик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



