| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски ја поддржа кампањата за Евробаскет 2015

Премиерот Никола Груевски даде поддршка на кампањата за Евробаскет 2015 кој во септември ќе се одржува во четири држави: Хрватска, Франција, Германија и Латвија.

poddrska-1_thumb_medium500_333

Оваа година за првпат организаторот на првенството во кошарка организира турнеја на пехарот на ФИБА Европа низ сите земји учеснички на првенството. Кампањата ја поддржа претседатели, премиери и министри за спорт од земјите учеснички.

Турнејата на ФИБА-трофејот започна на 19 мај во Рига (Литванија) и откако ќе пропатува низ сите земји-учеснички на ЕУРО БАСКЕТ 2015, ќе заврши на 30 август во Келн (Германија). Во Македонија  трофејот  пристигна од Варшава (Полска), а ние ќе го испратиме кон Антверпен (Белгија).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top