| четврток, 6 декември 2018 |

Како во Македонија се регрутираат војници за ИСИС?

Kако Исламска држава регрутира војници во Македонија? Процесот оди преку социјалните мрежи. Фејсбук и јутјуб „вријат“ вријат“ од повици за Џихад и содржини кои терористите ги прикажуваат како маченици, објави „Алфа“.

Tutunsuz ddzamija (11) (Custom)

Говорејќи за една поинаква димензија на Куранот самопрогласениот имам од Тутунсуз џамијата,  Реџеп Мемиши во срцето на Скопје им држел проповеди на регрутираните верници кои подоцна како доброволци оделе на боиштата во Сирија и Ирак на страната на терористичките организации.

Мемиши имал и помошници за  ширење на идеологијата за радикалниот ислам. Тоа биле лицата задолжени за пропаганда. Имал и логистичари, а за регрутатори според неофицијалните информации од истрагата поставувал млади лица. Тие стапувале во контакт со верниците. Најчестото контактите биле лични, но комуницирале и преку социјалните мрежи. На фекјсбук постои и група каде се шират радикалните ставови.  Казната за јавно повикување и врбување е најмалку четири години затвор.
Мемиши не бил влијателен само кај нас, туку  и во  Албанија, Косово и Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top