| четврток, 6 декември 2018 |

Три пијалоци кои никогаш не треба да ги нарачувате

Кога би ги прашале келнерите кои се трите пијалоци кои никогаш не треба да ги нарачате во кафеана или во бар, тие ќе ги одберат следнивте:

коктел

1. Мимоса

Овој коктел од две состојкки е многу популарен на неделните брач-средби, но треба да го прескокнете. Оригиналниот рецепт е сок од портокал и шампањско, а најчесто тоа е е евтино вино кое нема вкус.

2. Пијалоци кои завршуваат на „тини“

Ако нарачате мартини, добивате совршен спој од џин и верумт и некоја маслинка. Ако нарачате аплетини, ќе ви стават вотка со сок од јаболко. Најчесто овие коктели немаат врска со оригиналните, затоа нарачајте нешто друго.

3. Рум кола

Ова е класика која се пие неколку декади. Треба да се има на ум дека кога алкохолот се меша со шеќер, станува многу сладок и тотално нездрав.

Пробајте Дарк и сторми – комбинација од темен рум и пиво од ѓумбир.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top