Пушачите на постара животна возраст кои страдаат од мигрени, имаат голем ризик за мозочен удар, пишува стручното списание „Неурологија“.
Податоците на американските научници од Универзитетот Мајами се собрани од околу 1.300 лица на просечна возраст од 68 години. Сите испитаници страдале од мигрена, а следени се 11 години.
Кај непушачите мигрените не биле поврзани со поголем ризик за мозочен удар, но кај пушачите со мигрени забележано е тројно зголемување на ризикот.
Претходно спроведено истражување кај жени помлади од 45 години ги поврзувало мигрените со поголем ризик од мозочен удар, без оглед на тоа дали испитаниците пушеле или не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



