| четврток, 6 декември 2018 |

Во Индија пет жени претепани до смрт бидејќи биле вештерки

Пет жени во Индија, обвинети во вештерство, беа претепани до смрт од хневна толпа соселани, кои користеа стапови и железни прачки, објавија Асошиејтед прес и ДПА.

capture-witch-hunt_1426766916

Посочените жени за вештерки биле извадени од нивните домови во селцето Кинџија во северната држава Џарканд. Напаѓачите ги обвиниле жените дека практикувале вештерски ритуали од кои страда цело село.

Во заедницата се појавиле болести и едно бебе умрело од непознати причини во почетокот на неделата. Полицијата уапси околу дваесетина од учесниците во тепањето.

Во Индија во периодот 2000-2012 година,биле линчувани најмалку 2 100 лица, повеќето од нив жени, по обвинение во вештерство, потсетуваат агенциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top