Екипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, денеска работат на терен за санација на штетите од невремето во село Доброште, општина Теарце.
Се работи со возила бобкет и скип, два камиона кипери и еден ФАП кипер.
Во четвртокот градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на општина Теарце Исен Асани, го посетија Доброште каде остварија средба со жителите на ова селото и направија увид во штетите направени од невремето. По средбата беа на терен за санирање на поголемите штетите создадени од големото невреме.
При посетата на терен беа утврдени приоритетните активности коишто треба да се спроведат, при што се заклучи треба да се помогне во расчистување на неколку оштетени куќи, како и на коритото на реката во Доброште.
Во справувањето на последиците од невремето во тетовскиот регион, Штабот за заштита и спасување на Град Скопје активно се вклучи со повеќе од 100 луѓе, повеќе од 15 возила (возила, цистерни и противпожарни возила) и друг вид механизација (пумпи за влечење на вода).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



