ВСо долг аплауз и извици „браво“ беше дочекана премиерата на балетската претстава на годинешното Сплитско лето, „5 до 12“ на македонскиот кореограф Игор Киров.
Како што пишуваат хрватските медиуми, гостите на Сплитско лето се навикнати на сјајните изведби на балетскиот ансамбл, но секогаш одново ги изненадува она што ќе го понудат танцувачите и кореографијата.
Во претставата која трае 60 минути има одлична музика и модерен танц. Киров низ 12 танцувачи и исто толку сцени прикажува шест делови од човечкиот живот – од раѓање до смрт. Киров кореографијата ја постави на музика на нашиот Кирил Џајковски, а за коплетниот изглед на танцувачите се погрижи нашиот костимограф Александар Ношпал. Ношпал костимите во почетните сцени ги обликувал како стилизирани македонски носии кои танцувачите постепено во претставата ги соблекуваа од себе.
Темата на балетот е навиката на Балканот сите работи да се решаваат во последен момент и тоа токму онака како што судбината ќе посака. Но, Киров со претставата порачува дека животот е Рубикова коцка, односно онаков каков што ќе посакаш.
Балетската претстава „5 до 12“ ќе гостува и на Охридско лето, на 12 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст