| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалерот Александар Пандовски им подлегна на повредите

Младиот фудбалер Александар Пандовски им подлегна на повредите здобиени во тешката сообраќајна несреќа, која се случи во понеделникот навечер во Скопје. Пандовски почина утринава, откако четири дена се наоѓаше во кома.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија во фудбал, со брзина од околу 130 километри на час загубил контрола врз неговото возило „голф“ и влетал во бензинската пумпа. Со него бил неговиот татко, кој се здоби со сериозни повреди.

Александар имаше само 23 години, а има настапувано речиси за сите македонски селекции во младинска категорија. Играше за Вардар, Работнички и Хоризонт Турново, а последно играше за второлигашот „Еуромилк“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top