Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и раперот Канје Вест го очекуваат своето второ дете. Двојката неодмана пред јавноста откри дека очекуваат син.
Близок ријател на семејството, пак, откри дека тие веќе го одбрале името.
Бидејќи нивната прва ќерка се вика Норт (Север), синот ќе го носи името Истон (Easton, East = Исток). Бидејќи нивното презиме е Вест (Запад), од страните на светот им останува уште Саут (Југ).
– Не ми се допаѓа Саут Вест, знаете, Норт секогаш ќе биде подобра и таа има подобра насока – рекла ријалити ѕвездата.
Минатата недела пријателот на семејството во едно интервју открил дека двојката веќе сега се одлучила за името на синот, за да ја уредат детската соба во знакот на неговото име и пред да се роди.
Иако Кање сакал нивниот син да се вика Ист, на крајот, второто дете на оваа позната двојка ќе добие име по желба на Ким.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.