18 годишно момче од кумановското село Черкези е претепано вчера вечер околу 20.30 часот пред интернет кафето Скајп. В.Л. (18) бил нападнат од три лица при што му биле нанесени тешки повреди на телото и главата.
Момчето било пренесено со Брза помош во кумановскиот медицински центар, од каде поради сериозните повреди е пренесен во Скопје.
Полицијата утврдила дека нападот го извршиле тројца малолетници на возраст од 16 години против кои ќе бидат поднесени кривични пријави по целосното расчистување на случајот. Мотивите за нападот не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повторно скандал: Масовна тепачка на прес-конференцијата на Вајлдер и Фјури (видео)
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Драма во студентскиот дом „Стив Наумов“: Претепани се две лица