Чешките политичари го поддржуваат предлогот на спортското списание „Хеттрик“ името Чехија да се стои на дресовите на чешките репрезентативни спортисти во странство, јави дописникот на МИА од Прага.
– Од агол на репрезентацијата на Чешката Република, во странство може корисна да биде употребата на едноставното име Чехија, изјави Бјела Хејн од Кабинетот на премиерот Бохуслав Соботка, најавувајќи дека Министерството за надворешни работи веќе предложило изработка на експертиза, според која експертите се изјасниле позитивно и ништо не стои на патот на користењето на името Чехија.
– Во моментов ние се занимаваме со прашањето на известување за неофицијалното име „Чехија“ на англиски јазик во соодветните бази на податоци на Обединетите нации, каде веќе се вклучени имињата на нашата земја на други јазици, додаде Хејн.
Промената на името е поддржано и од претседателот на државата Милош Земан, претседателот на Сенатот на Милан Штех и претседателот на Парламентот Јан Хамачек, како и спортските репрезентации на тимовите за хокеј и ракомет.
Името Чехија веќе подолго време при своите патувања во странство го користи претседателот Земан, за кого тоа „звучи поубаво и е пократко од студениот назив Чешка Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.