Замореното лице можеме да го освежиме на пареа. Она што треба да направиме е да згрееме вода во која ќе додадеме малку камфор (1 лажица во 1 литар вода) или камилица. Откако водата ќе почне да врие, ја тргаме од шпоретот, ја собираме косата и го започнуваме процесот на пареење на лицето. По овој третман, лицето треба да го измиеме со ладна вода.
Чувствителната кожа не смееме да ја миеме со обичен сапун, туку со бадемови трици кои успеваат темелно да ја исчистат кожата, а притоа да не ја надразнат. Доколку кожата не е премногу надразнета, може да се истрие со 10% салицилен шпирт, кој ја отстранува лојта насобрана во порите.
Миење на лицето со кисело млеко ја спречува појавата на брчки, а кожата ја прави поеластична.
Кожата на лицето можеме многу брзо да ја освежиме со триење, користејќи сок од лимон. По десетина минути триење треба да го измиеме лицето со ладна вода.
Осип на кожата, акни, гној и сл. Болестите на кожата треба да ги лечиме со квасец или пак витамин В.
Маска од жолчки ја храни кожата и го спречува создавањето на брчки. Жолчите треба да се помешаат со малку маслиново масло и лимонов сок. Смесата треба да се нанесе на лицето и да се остави половина час да се исуши, а потоа да се измие со млака вода.
Маска од белка на јајце. Во пената од белки треба да се додадат неколку капки лимон. Маската треба да остане на лицето се додека не почувствуваме благо затегнување на кожата, а потоа истата треба да ја отстраниме со млака вода. За да ја одржиме кожата на лицето во најдобра форма, треба да ја повторуваме оваа процедура 1-2 пати месечно.
Масажа на тело по бањање со мокра и груба фротирка, или пак масажа на помалку чувствителната кожа со четка е корисна за зајакнување на мускулатурата, како и за остварување добра циркулација.
Ноктите треба да се кратат, турпијајте ги, а не со ножици, затоа што во тој случај растат неправилно, а на нивната површина ќе се појават и нерамнини.
Сувата кожа на лицето и вратот треба да се мие со смеса од бадемови трици и зовриена вода во која треба да се додадат и 10 капки колонска вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.