Воениот суд во Бангкок денеска му изрече казна затвор од 30 години на 48-годишниот Понгсак Срибунпенг, кој на почетокот на годинава имал шест постови на Фејсбук кои, според судот, биле навредливи за личноста на кралот и монархијата.
За сите шест објави осудениот добил по 10 години затвор, а казната му е збирно намалена на 30 години. Бидејки воената хунта по превратот од мај минатата година прогласи воена состојба, осудениот нема право на жалба до граѓанските судови.
Тајландскиот крал Бумибал Аулјадај (87) е посебно „заштитен“ со строгите закони за забрана на напаѓањето на неговиот углед, што важи и за поширокиот дел на кралското семејство. Законот стриктно го спроведува воената хунта, која не крие дека е проројалистички настроена.
На казни затвор од три до 15 години воените судови досега имаат казнето над 30 лица, а двојно повеќе чекаат пресуди.
Поради специфичниот закон за контрола на медиумите, редакциите си воведуваат и самоцензура при објавувањето на причните поради кои се осудуваат тие што го навредиле монархот или негото семејство. Според толкувањето на воените обвинители, прераскажувањето на содржината на навредите на маонархијата се „ново ширење на невистината“, а тоа автомаски повлекува судење и затворска казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ФИФА: Децата од Тајланд ќе одат на финалето на светското првенство во Русија
-
Запрена акцијата за спасување на децата во пештерата во Тајланд
-
Гледајте во живо: Започна акцијата за спасување на децата од пештерата: Првото дете излегува околу 14 часот, еве како учениците ќе дојдат на слобода
-
По девет дена пронајдени младите фудбалери кои исчезнаа во пештера во Тајланд (видео)