Жени со импланти во градите имаат трипати повеќе шанса да извршат самоубиство или да станат зависни од дрога или алкохол, се тврди во новото истражување.
Според истражувањето, жените кои одат „под нож“ веќе имаат психијатриско нарушување, ниско ниво на самодоверба или проблем со изгледот на своето тело. За време на истражувањето биле следени 3.527 Швеѓанки, кои имале операции на градите во период од 1965 до 1993 година. Вкупно 24 извршиле самоубиство.
– Не може да знаеме колку е голем проблемот, бидејчи не можеме да знаеме која жена има психијатриско пореметување. Овде би можело да се говори за потполно различни нарушувања – изјави д-р Лорен Липвоет од универзитетскиот медицински центар „Вандербилт“.
Од жените што биле следени, причина за смрт на 38 од нив биле самоубиство, психолошко нарушување или, пак, смртта настапиле како последица од зависност од дрога или алкохол. Било откриено дека жените со силиконски гради немале рак на дојка. Повеќето умреле од рак на бели дробови или проблеми со дишењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст