За време на нашиот мандат ќе бидат реконструирани 400 училишта во земјава, изјави премиерот Никола Груевски, кој денеска го посети реконструираниот објект на подрачната единица на основното училиште „Дебрца“ во село Требеништа.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на охридскиот регион, тој појасни дека досега вкупно се реконструирани 350, во тек е реконструкција на седум, а тендерска постапка тече за уште 35 училишта. Овие училишта ќе бидат реконструирани до крајот на годината.
– Во проектот за реконструкција на училиштата во земјава досега се инвестирани над 30 милиони евра, што е сериозен износ и дел од нашите ветувања. Во нашата Програма на секои избори прецизно ветуваме точно кои училишта во кој период ќе бидат реконструирани и многу внимаваме тоа да се заврши согласно ветеното, рече Груевски.
Претседателот на Владата попладнево ќе присуствува и на пуштање во употреба на реконструиран водовод во село Ботун и на поставување камен-темелник за изградба на колекторски систем, на потегот помеѓу селата Мешеишта и Волино. Според најавата, Груевски ќе присуствува и на пуштање во употреба на новоизградениот кружен тек во Охрид, на улиците „Туристичка“ и „Бистрица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст