Легнувате во различно време
Понекогаш е тешко да се има секс кога вие легнувате во 22 часот, а партнерот е буден и по полноќ. Понекогаш најдобро е да се договарате кога ќе водите љубов, што во овие брзи времиња не е ни глупава ни смешна идеја.
Технологија
Убиец на сексуалниот живот. Истражување спроведено во Италија покажа дека двојките што имат телевизор во спалната соба имаат секс дури и 50 отсто помалку, отколку тие што немаат ваква дистракција. Воведете правило „без гаџети“ по 22 часот и посветете внимание еден на друг, а не на тоа што го има на „Фејсбук“.
Време за бакнежи
Покрај сите дневни обврски, времето што може да го поминете со вашиот партнер е кратко. Потрудете се да го искористите. Не заборавајте на прегратките и на бакнежите, со кои една интимна врска се зацврстува.
Различни смени
Тешко е да се има секс кога едниот партнер станува да се подготвува за на работа, а другиот тогаш се враќа. Во тој случај искористете го секој можен миг. Посебно за време на викендите одвојте време само за вас двајца. Понекогаш најдобро е во тоа време воопшто да не излезете од кревет.
Здодевност
Ако ви е здодевно во креветот или мислите дека веќе доволно добро, може и премногу, се познавате со партнерот, не е баш така. Променете нешто во предиграта, напијте се, внесете улоги во креветот… сексот никогаш не може да стане до толку здодевен за да го избегнувате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.