| четврток, 6 декември 2018 |

Помогнете си сами – совети против грчење

Грчењето не е само непријатна навика, туку може да биде и сериозен здравствен проблем за партнерот на луѓето што грчат. Било пресметано дека тие луѓе што имаат партнер што грчи, до 50-тата годишнина од свадбата, губат во просек по четири години сон. Прочитајте како да излезете на крај со оваа незгодна навика.

Тениско топче

Најголем дел од луѓето грчат кога спијат на грб. Исечете дел од стара маица, во неа завиткајте тениско топче и зашијте го на средината од задниот дел од пижамата. Неудобноста што топчето ќе ја предизвика, ќе ве присили да ја смените положбата, без разлика дали сте будни или пак тоа го правите во сон.

Повеќе перници

Обидете се да ставите повеќе перници под главата, за дополнително да ги отворите дишните патишта. На овој начин, грлото нема да се затвори и нема да почнете со грчење. Доколку не можете да спиете на високи перници, ставете нешто под ногарките на креветот, за да ја подигнете страната каде што ви се наоѓа главата.

Лента за нос

Доколку грчите постојано, а не сте сигурни за причината, можеби се работи наследен фактор. Ако на пример имате стеснети назални канали, тогаш обидете се со ленти за нос, кои се лепат на надворешноста, а чијашто задача е да ги прошират каналите, за низ нив да минува доволна количина воздух, со што ќе се намали грчењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top