| четврток, 6 декември 2018 |

Големо научно откритие: ризикот од рак наскоро ќе се предвидува со обични тестови

Британските научници постигнале голем напредок во борбата за спречување на рекот откривајќи десетина ДНК маркери кои можат да помогнат за предвидување ризик од развивање на оваа болест.

Тоа значи дека е можно да се направат тестови кои бил ги идентификувале луѓето кои се најчувствителни на оваа болест со што би им се дало можност превентивно да дејствуваат.

Овој пронајдок во истражувањето на човековиот генетски код е огромен чекор напред во борбата против ракот, јавуваат светските медиуми.

Тестовите би се вршеле многу едоставно и многу евтино. Тоа би бил тест на плунка и би го вршел матичниот лекар. Тестот ќе направи профил на ризикот на пациентот што ќе овозможи соодветни прегледи, а тие со поголем ризик би имале почести прегледи.

–       Мислам дека наскоро ќе постои технологија која ќе овозможи прилично брзи тестови. Главниот предизвик во следните три до пет години е да се сфати како да се комбинираат сите тие информации за матичниот лекар да може да ги користи, вели Даг Истон од универзитетот Кембриџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top