Велика Британија го живее најстудениот март во последните 50 години. Многу куќи се завеани од снег и без струја, а патиштата се напроодни.
Главниот научен советник на британската влада, професорот Џон Бедингтон предупредува дека на светот му престојат децении турбулентни временски прилики дури и ако се преземат драстични мерки за справување со климатските промени.
Според него, временската инерција на климатскиот систем значи дека гасовите од стаклената градина кои се во атмосферата се наталожиле до сега ќе ги одредуваат временските прилики со кои ќе се соочуваме во следните две и пол децении.
Неуспехот на меѓународната заедница да утврди целни вредности за ограничување на емисијата на ЦО2 значи дека проблемите ќе се зголемуваат и во иднина.
– Можеби за неколку години ќе се постигне договор и можеби ќе почнат да се намалуваат емисиите на гасови на стаклена градина. Но нивната концентрација и понатаму рате, а ако почне да се намалува, климата нема да се подобри за 25 години од тој момент, вели професорот.
ТОј тврди дека со светот со зголемувањето на бројот на жители ќе има огромни проблеми со храна, вода и енергија, а сите овие проблеми ќе бидат уште поголеми поради климатските промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.