Шота Арвелаѕе е голем џентлмен и покрај фактот дека над него виси дамокловиот меч и дека е блиску до отказ во Трабзонспор, па и во елиминацијата на својот тим не заборави да ја пофали играта на Работнички.
„Им честитам на играчите на Работнички. Одиграа храбро, иако имаа проблеми и беа со играч помалку. Ние ја забораваме УЕФА и се насочуваме кон домашното првенство. Ги предупредив моите фудбалери да внимаваат на контрите на противникот, но ете се случи грешка и примивме гол. И сега не сакам да посочувам виновници. Кога победуваме ќе славиме сите заедно, но и кога грешиме ќе тагуваме заедно“, рече Арвелаѕе.
Трабзонспор со тим проценет на над 100 милиони евра беше апсолутен фаворит против десеткратно „поефтиниот“ состав на Работнички, но последниот македонски мохиканец во Европа покажа дека има лавовско срце и иако играше со фудбалер помалку еден час, постигна гол во 112. минута и го елиминира фаворитот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.