Mинистерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во интервју за регионалниот „Пут плус“ вели дека кога оваа Влада дојде на власт во 2006 година, патната инфраструктура се наоѓаше во очајна состојба.
– Започнавме изградба на три нови автопатишта со должина од 132,3 километри, претходно изградивме 63 километри нови автопатски делници. Реконструирани се 39 магистрални и регионални патишта во над 500 километри. Реконструирани се 360 локални патишта во должина од 692 километри. Со ова создадовме услови Македонија да стане важна транзитна земја во регионот. Тоа ја докажува нашата определба, земјата полесно да ја интегрираме во регионот преку побрза комуникација – вели министерот.
Во продолжените ви го пренесуваме во целост интервјуто на македонскиот министер Мисајловски објавено во „Пут плус“.
Како би ја оцениле сегашната состојба во која се наоѓаат патиштата во Република Македонија? И каков е воопшто статусот на Македонија во поглед на сообраќајните комуникации во однос на соседните земји и посебно во делот кој се однесува на Паневропски коридори? Дали може да се каже дека Македонија е апсолутно транзитна земја?
Кога оваа Владата дојде на власт во 2006 година, патната инфраструктура се наоѓаше во очајна состојба. Ако сте патувале низ Република Македонија ќе можевте да забележите оштетени автопати кои со години не биле санирани. Регионалните патишта исто така беа во лоша состојба, единствено се одржувале преку нивно краткорочно санирање. Многу села останаа делумно отсечени од градовите пред се поради оштетените патишта. Генерално патната инфраструктура беше во многу лоша состојба. Кога во 2006 година партијта ВМРО ДПМНЕ дојде на власт, ја увиде ваквата состојба, веднаш се направи стратегија за реализиација на неколку инвестициски циклуси во инфраструктурата со цел нејзино подобрување. Од тој временски апсект, до денеска можеме да се пофалиме дека започнавме изградба на три нови автопатишта со должина од 132,3 километри, претходно изградивме 63 километри нови автопатски делници. Реконструирани се 39 магистрални и регионални патишта во над 500 километри. Реконструирани се 360 локални патишта во должина од 692 километри. Со ова создадовме услови Македонија да стане важна транзитна земја во регионот. Тоа ја докажува нашата определба, земјата полесно да ја интегрираме во регионот преку побрза комуникација. Ги спомнавте Панверопските коридори, слободно можам да кажам дека со двата коридори што минуваат низ земјата Коридорот 8 и 10, Република Македонија претставува мошне значајна порта за излез на Европските пазар.
Најавивте градба на три делници автопати Кичево-Охрид, Скопје-Штип и Демир Капија-Смоквица. Имате план да се гради брз пат Велес-Кадрифаково, како и потполна и темелна реконструкција на автопатот Велес-Скопје. До каде е стигнато?
Во моментов активно се работи на терен. Македонија стана едно отворено градилиште каде работат над 2500 градежни работници. На автопатот Кичево -Охрид пробиена е 35 % од трасата. Се работи на пробивање на тунелот како и на изградба на 6 мостови. Се планира да се заврши во 2018 година, а вредноста е 374 милиони евра. Автопатот Миладиновце – Штип, мометално е пробиен 80 % од трасата. Интензивно се работи на изградбата на вијадуктите, бетонирање на мостовите како и други земјани работи. Инвестицијата е вредна 206 милиони евра, а се планира да се комплетира до 2017 година. Автопатската делница Демир Капија –Смоквица пробиена е 57 %. Се работи на сите 6 мостови, земјени работи и двата тунели се пробени. Се планира да се заврши во 2016 година, инвестицијата е вредна над 210 милиони евра. Исто така интензивно се работи и на реконструкција на автопатската делница Велес- Катланово на Кориорот 10. Се очекува реконструкцијата да заврши ова лето. Минатата година започнавме изградба на експресен пат Велес – Штип (Кадрифаково). Оваа делница ја градиме во три фази од кои првата фаза е веќе завршена. На втората фаза во должина од 8,9 километри завршени се 35% од градежните работи, а во полн ек се и работите на третата фаза во должина од 10,7 километри. Експресниот пат се планира да се заврши во 2016 година.
Поврзано со претходното прашање, ве молам да објасните кои се тие техники и технологии во примена за изградба и рехабилитација на наведените патни правци во вашата земја? Со други зборови, дали и како успевате да држите чекор со современите текови во областа на патната изградба?
Изградбата на автопатските делници во Република Македонија се реализира согласно прифатени детални проекти со кои се опфатени модерни и напредни светски технологии за изградба на објекти од типот на мостови, тунели, надпатници, подпатници, сигнализација и др., како и примена на современа градежна механизација и опрема која е неопходна за постигнување на висок квалитет на изведените работи. Во примена се МКС стандарди кои се базираат на DIN стандардите за изведување на градежни работи кои во наредниот период треба делумно или целосно да бидат заменети со eвропски стандарди.
Кога сме во областа за патиштата, како би ја оцениле, како некој кој доаѓа со пракса од изградбата на патишта, положбата и потенцијалот на патните привреди во Вашата земја?
Македонските градежни компании имаат долга традиција во изградба на патишта. Тие беа дел и во изградба на патната инфраструктура во поранешната СФРЈ. Долги години македонските градежни компании градеа на Блискиот Исток, во Европа, кај нас во регионот. Според тоа можам да кажам дека имаат големо искуство кое мометално го комбинираат со најсовремените методи и технологии што се применуваат во светот. Тие се целосно ангажираи во изградба на патната инфраструктура во Република Македонија или како директни изведувачи или како подизведувачи.
Минатата година имаше поплави. Вообичаено во такви ситуации, страдаат патните сообраќајници. Каква е состојбата во тој поглед во Македонија: Што има во план македонската Влада и посебно Министерството со кое Вие сега раководите, да направи во поглед на обнова, но и првенција за заштита на патните правци кои се погодени од поплавите: дали и колку го користите искуството од други, особено соседни земји?
Оваа година во Република Македонија се случија поплави кои уништија дел од патната инфраструктура, тука мислам на дел од локалните патишта каде поплавите беа во поголеми рамери, неколку регионални патни правци и неколку мостови. Владата на РМ и ние како ресорно министерство веднаш донесовме стратегиски план како да ги реконструираме и повторно да ги вратиме во функција. Поголем дел од уништената инфраструктура е веќе завршена, а на останата интензивно се работи. Нормално преземаме и активни мерки како што се на пример чистење на речните корита и речните канали за да спречиме во иднина да не ни се случат вакви појави. Пред извесно време донесовме и акционен план за чистење на речните корита кој во наредниот период треба да го реализираме. Зошто ова го правиме? Бидејќи една од најголемите причини поради кои ни се случија поплавите а тоа доведе до уништување на инфраструктурата беше токму неисчистените канали и речни корита.
Како би ја дефиирале позицијата на Македонија во областа на железницата? Каква е состојбата во поглед на техничко-технолошко опремување на железницата? За која просечна брзина на железничките правци во Макеоднија може да се зборува денес?
Во изминатите години многу малку или речиси воопштно не се инвестирало во Железницата. Ние како Влада наследивме големи долгови во железничкото претпријатие. Наследивме стари патнички возови кои се користат повеќе од 30 години, товарните вагони речиси и да не ги задоволуваа современите потреби на компаниите што користат железнички транспорт. Инфраструктурата изградедна во минатиот век полека се уништуваше. Затоа ние како Влада направиве голем исчекор во делот на модернизација на Железницата. Започнавме со реконструкција на целата пруга долж Коридорот 10. Сега на делови на пругата може да се вози и до 120 km/h. Воведовме телекоманда, што практично значи дека контролата и управувањето на железничкиот сообраќај се врши од едно место. Набавивме 150 товарни вагони за потребите на компаниите. Набавивме 6 нови патички возови за поквалитетен транспорт со кои ќе замениме 60% од возниот парк на железницата, дел од новите возови ќе пристигнат оваа година, дел до крајот на јануари 2016 година. Започнавме со реконструкција на меѓународната железничка станица во Скопје како и сите поголеми железнички станици долж Коридирот 10. Започнавме со еден голем инфраструктурен проект а тоа е изградба на нова пруга кон Бугарија, а во моментов се проектира и нова пруга кон Албанија. Од пред еден месец започна да се гради и уште една пруга кон Грција и тоа делницата Битола-Кременица. Генералано можам да кажам дека се направија големи инвестициони вложувања во железницата се со цел да ја издигнеме на едно поквалитено ниво и секако да ја направиме конкурентна имајќи предвид дека Репубика Македонија е транзитна земја низ која поминува Коридорт 10, а секако тој е важен коридор низ кој се транспортира стоката од грчките пристаништа кон Европа.
Кон крајот на минатата година е објавено дека на вашата земја и е одобрен кредит од ЕВОР во износ од 305 милиони евра за втората фаза за изградба на пругата кон Бугарија и подобрување на патната мрежа во земјата. Од клучно значење за железничко поврзување на Македонија се истакнува Коридорот 8. Објаснете ни ги подетално сите значајни придобивки од овој правец – што со него добива Македонија, во прв ред, а потоа соседните земји?
Токму така, со поддршка на ЕВОР, Република Македонија доби заем од 305 милиони евра од кои 145 милиони ќе се искористат за изградба на втората фаза на пругата кон Република Бугарија и тоа од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 34 километри. Мометлано се работи на изградба на првата фаза од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километар и инвестиција од од околу 47 милиони евра.
За делот на втората фаза, се планира да се постават нови прагови и шини, обновување 33 постојни мостови, изградба на 11 нови мостови, изградба на 14 тунели, инсталирање на кабелски водови и огради, поставување безбедносни бариери и заштита од бука и вибрации, инсталирање на 28 свртници, изградба на нова трафостаница, ќе се постават нови сигнално-сигурносни уреди ETCS ниво 1, ќе се изградат две железнички станици како и 3 стајалишта.
Изградбата на оваа пруга е од курцијлано значење за побрз и поевтин железнички транспорт кон Исток, имајќи предвид цената на чинење на овој вид на транспорт на стока. Транспортните компании ќе имаат уште една опција за побрз транспот, ке можат да ги користат и бугарските пристаништа и полесно да се поврзуваат со другите европски коридори на пример Коридор 4. Се разбира и граѓаните ќе добијат уште една комуникација со источниот сосед независно од останатите видови сообраќај. Со изградбата на оваа пруга и таа што планираме да ја градиме кон Албанија, комплетно ќе ја поврземе оската Запад-Исток. Железничкиот Коридор 8 ќе го направиме компелтно оперативен.
Каква е ситуацијата во областа на активностите со железниците во Македонија? Колку во тој поглед, во сегментот со одржување се потпирате на сопствената, а во колкав процент помож стигнува од страна?
Претходно Ви ја спомнав состојбата во која мометално се наоѓа Железницата. Овие неколку години вложуваме максимални напори да ја издигнеме на повисоко ниво. Резултатите допрва ќе следуваат и тоа слободно можам да го кажам. Се разбира и ние како и останите земји од регионот, покрај сопствените користиме и туѓи искуства во развој на железницата и во делот на транспортот и во делот на инфраструктурата. Имаме домашна компанија која работи на реновирање на старите вагони, но набавуваме нови возови. Се трудиме да ги следиме современите текови во поглед на изградбата на новите пруги, тука агажирани се странски компании но преку нив се ангажираат и домашни компании, што значи дека ги следиме сите модерни текови во поглед на методите на изградба.
Како ја оценувате координацијата на Македонија со соседните земји во областа на изградба на меѓународни патишта како што е Коридор 10? Што се прави, а што би можело подобро да се направи во тој поглед? Дали е политиката, освен секако финансиите, е баш во се “рампа“ за брза реализација на вакви проекти?
Соработката на Република Македонија со земјите во регионот во делот на изградба на инфраструктурата е одлична. Мислам дека соработката е од големо значење за развој на регионот и секако за интеграција во Европската Унија. Стратешките проекти на сите земји од регионот се веќе дефинириани, тука е јасна определбата, сите да се поврзат преку квалитетна патна и железничка инфраструктура. Тука морам да ја спомнам СЕЕТО мрежата која ги дефинира сите правци кои се приоритени за развој на регионот. Секако финансирањето е еден од најголемите проблеми. Денеска е потешко да најдете ефтини кредити кои би финансирале крупни инфраструктурни проекти. Ние како земја досега успеваме во тој дел, нашата визија за просперитетна земја ја гледаме токму преку овие големи проекти. Политиката што ја правиме во домашната економија ни дава за право да користиме поволни кредити за финанисрање на вакви проекти.
Прашањето за безбедноста е денес, можеби повеќе од било кога порано, потенцирано од државните и други друштвени институции и поединци во Србија, во соседните земји. Каква е состојбата во поглед на безбедноста на патниот и железничкиот сообраќај во Македонија денес?Што се прави и што се планира во следниов период? Може ли да се говори за безбедноста како регионална тема? Дали и како изгледа соработката со соседните Екс-ју земји во оваа област?
Неинвестирањето во инфраструктурата само ја намалуваше безбедноста, еве ако сакате можеме да зборуваме и на регионално ниво. Ставовите на сите земји во тој поглед се исти. Со инвестициите во изградбата на патната и железничката инфраструктута се подигнува нивото на безбедност. Новите патишта се градат на тој начин што се минимизираат сите црни точки. Безбедноста е еден од условите при изградба на патиштата. Секако сакаме да го минимизираме бројот на сообраќајните несреќи. Истото можам да го кажам и за железничкиот сообраќај. Затоа инвестициите што ги реализираме имаат неколку насоки, една од нив е и безбедноста на учесниците во сообраќајот. Кога зборуваме за Во таа насока сите земји сме на иста линија.
Како една од земјите на некогашниот единствен југословенски патен и железнички систем, каква е Вашата оценка, што останало од сето тоа? Може ли денеска да се зборува за комплементарност на македонското патно и железничко стопанство, но и во другите, особено соседните екс ју земји? Конечно, како денеска изгледа соработката на Македонија со другите поранешни југословенски републики?
Дали сте задоволни? Што уште може да се направи? Што се планира во иднина?
Иако се уште постојат влијанија од некогашниот систем, сметам дека во последните години се повеќе се чувствува новата ера на техолошките достигнувања. Потребите на земјите во делот на сопствените системи е различна, па оттука сметам дека секоја земја стартешки воспставува различни односи. Соработка има, тоа се разбира и тоа не само во име на добрососедските односи. Иако сега сме сите независни држави, сепак се чуствува една кохерентност, тоа го споредувам преку проектите што ни се од заеднички интерес, конкретно да ги земеме изградбата на брза пруга на Коридорот 10 или изградба на автопатиштата, сеедно.
Дали сум задоволен? Мислам дека можеме уште повеќе заеднички да работиме на воспоставување на регионална патна и железничка мрежа, да ги користиме европските средства за изградба и модернизација на инфрастуктурата. На тој начин ќе му дадеме белег на регионот, затоа што крајана цел на сите земји е иста, економски просперитет и се рабира влез во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст